
Диего Симеоне денес го кажа она што многу навивачи на Интер сакаат да слушнат со години наназад.
„Тоа не го знам“, одговори Аргентинецот на прашањето дали еден ден ќе го тренира Интер.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Но…
„Но, да… Можам да се замислам еден ден како тренер на Интер“, додаде „Чоло“, кој од 2011 година го води уште еден клуб за кој настапуваше за време на играчката кариера, Атлетико Мадрид.
Симеоне еднаш во животот веќе преминал од Атлетико во Интер, тоа беше во 1997 година по три успешни сезони на тогашниот „Калдерон“. Во „Меаца“ остана релативно кратко, само две сезони, но и тоа беше доволно навивачите на Интер и денес да го чувствуваат како свој.
Атлетико и Интер повторно се среќаваат во Лигата на шампионите, овој пат во првата фаза (среда, 21.00 часот). Последниот пат се судрија во осминафиналето во сезоната 2023/24 и понатаму продолжи шпанскиот тим со гол во продолжетокот на реваншот во Мадрид.