Дома Останати Ракомет Дибиров стави крај на својата блескава ракометна кариера

Дибиров стави крај на својата блескава ракометна кариера

По две децении на највисоко ниво, легендарното лево крило Тимур Дибиров стави крај на својата блескава ракометна кариера.

Рускиот интернационалец, кој најголемиот дел од својата европска приказна ја испиша токму во Македонија со Вардар, се прости од спортот со емотивна порака.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Пријатели, ова беше последен натпревар во мојата кариера, на малото момче кое сонуваше да игра ракомет со своите другари и ништо повеќе од тоа.

Благодарност до моето семејство, сопругата, децата, родителите… кои ме поддржуваа, моите клубови, репрезентацијат и соиграчите, тие се најдобри на светот. Ќе ми недостасуваш, ракомету“, напиша Дибиров на социјалните мрежи.

Дибиров важи за еден од најдобрите странци кои некогаш настапувале во македонскиот шампионат и е вистинска икона за навивачите на Вардар. Со „црвено-црните“ освои две титули во Лигата на шампионите (2017 и 2019), бројни домашни трофеи и остави неизбришлива трага со својот харизматичен настап и несопирлив стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Луд резултат во македонскиот ракомет: Противник на Алкалоид даде само четири гола цел натпревар!

На еден натпревар од младинските ракометни лиги во Македонија беше забележан резултат како…