Дома Фудбал Останато Џошуа по несреќата во која загинаа двајца негови пријатели може веќе никогаш да не се бори

Џошуа по несреќата во која загинаа двајца негови пријатели може веќе никогаш да не се бори

Еден од најпознатите борци на светската сцена, Ентони Џошуа, можеби нема да може повторно да влезе во рингот по трагичната сообраќајна несреќа што ја преживеа, изјавува познатиот боксерски промотор, Франк Ворен.

Ворен, кој долго време е присутен на боксерската сцена како промотор на Тајсон Фјури, тврди дека Џошуа би можел да ја заврши својата блескава кариера по оваа несреќа во која за малку го избегна најлошото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Трагедијата што се случи во нигерискиот град Макуну однесе два животи на неговите блиски пријатели и тренинг партнери, Сина Гами и Латиф Ајоделе. Џошуа го спаси тоа што седел неколку сантиметри понастрана на левата страна од останатите патници во возилото.

“Ова е ужасно време за сите кои се инволвирани и се надевам дека Џошуа физички е добро. Но, менталното здравје е сосема друга приказна. Не знам дали ќе има повеќе волја и сила повторно да се бори, или дали воопшто ќе влезе во рингот. Времето ќе покаже”, изјави Ворен за ITV News.

Џошуа предвидуваше меч против Фјури оваа есен во 2026 година, но сега сè е неизвесно. Трагедијата во која изгуби два блиски пријатели може сериозно да влијае на неговото ментално здравје и желбата повторно да се бори.

Нигериската полиција потврди дека причината за сообраќајната несреќа била пукнатина на гумата.

Легендарниот боксер, 36, за малку избегна смрт во понеделникот кога Лексус теренецот во кој се наоѓаше удрил во запрен камион на опасниот пат Лагос–Ибадан.

Бабатунде Акинбии, командант на Нигериската сообраќајна полиција, изјави дека првичната истрага покажува дека Лексусот изгубил контрола поради пукната гума, што било последица од превисока брзина.

Полицијата смета дека теренецот, управуван од локален возач, изгубил контрола при обид за претекнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Приказна како за на филм: Од портир во хотел, до најголемата светска сцена!

Британецот Џастин Худ (32) продолжува со својата неверојатна приказна на Светското првенст…