Дома Фудбал Џон Тери размислувал за самоубиство

Џон Тери размислувал за самоубиство

Легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери, откри дека се соочувал со темни помисли откако промаши пенал во финалето на Лигата на шампионите во 2008 година против Манчестер Јунајтед.

Во познатото финале кое се одигра на стадионот „Лужники“ во Москва, Манчестер Јунајтед победи по пенал серија со резултат 6:5, откако регуларниот дел од мечот заврши 1:1. Тери имаше шанса во петтата серија да и донесе титула на Челзи, но неговото подлизнување значеше удар во стативата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Седумнаесет години подоцна, Тери на подкастот на Рис Мини откри колку му беше тешко во тој момент.

Кога размислувам за тие моменти, посакувам да имав тогаш со кого да разговарам, затоа што се сеќавам како се вративме во хотелот по натпреварот, а јас се наоѓав на 25-от кат во Москва, гледав низ прозорецот и си велев: „Зошто? Зошто?“. Не велам дека ќе скокнев, ако ја имав таа можност, но знаете дека такви мисли поминуваат низ умот во такви моменти, рече Џон Тери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го бојкотира и денешното дерби, a челниците на лигата му објаснија како се носат засилувања

Кристијано Роналдо денес ќе ја пропушти втората последователна натпревар против Ал-Итихад …