Дома Фудбал Џеко ги дозна најдобрите можни вести по драмата со навивачите во Бергамо

Џеко ги дозна најдобрите можни вести по драмата со навивачите во Бергамо

Босанскиот напаѓач Един Џеко се најде во центарот на вниманието по натпреварот помеѓу Аталанта и Фиорентина, бидејќи по средбата имаше разговор со навивачите на својот тим поради што му се закануваше суспензија, но сега Фудбалската федерација на Италија донесе одлука за случувањата во Бергамо.

Фиорентина оваа сезона се наоѓа во очајна резултатска серија бидејќи по 13 одиграни кола со Верона е единствениот тим кој нема победа во Серија А.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Благодарение на нешто подобрата гол-разлика клубот од Фиренца не е на последното место на табелата, но јасно е дека нешто мора да се менува доколку во Фиорентина сакаат и наредната сезона да играат во најсилниот ранг.

Во неделата Фиорентина гостуваше во Бергамо кај Аталанта каде што запишаа нов пораз бидејќи домашниот тим победи со 2:0.

По натпреварот видовме сцени кои и денеска се главна тема на фудбалската јавност на Апенините. Навивачите на Фиорентина ги построија играчите и им одржаа лекција поради очајните резултати оваа сезона.

Тие изразија големо незадоволство, а тогаш се вклучи и Един Џеко кој реагираше како вистински лидер и им се приближи на навивачите за да разговара со нив и да ја смири ситуацијата.

Џеко истакна дека им е потребна нивната поддршка повеќе од кога и да е и дека нема смисла навивачите само да вршат дополнителен притисок на играчите на Фиорентина бидејќи тоа нема да донесе ништо добро.

Ситуацијата брзо се смири и на крајот играчите на Виола добија дури и аплауз и ветување од најстрастните навивачи дека ќе ги поддржат во надеж дека можат да ја прекинат црната серија.

Меѓутоа, иако потегот на Џеко беше за пофалба и многумина воодушеви, се појави информација дека босанскиот напаѓач би можел да биде казнет бидејќи прекршил правило на Серија А кое вели дека на играчите им е забрането да одат на трибината каде што се навивачите и да имаат контакт со нив.

Џеко беше под истрага, но од Италија стигнуваат добри вести бидејќи босанскиот напаѓач нема да биде казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Алонсо му објаснија што се случува во Барселона, а тој со џентлменска изјава ја воодушеви Шпанија

Џаби Алонсо одржа денеска прес-конференција пред утрешниот натпревар во Ла Лига каде што Р…