
Џејми Варди најде нов клуб откако потпиша едногодишен договор со италијанскиот Кремонезе.
Вистинска легенда на англискиот фудбал се одлучи за возбудлива авантура во Италија, па така стана дел од Кремонезе за една сезона, со можност за продолжување на уште една година.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Триесет и осумгодишникот минатата сезона го напушти тимот на Лисиците откако постигна 200 гола во 500 натпревари за клубот, а беше и дел од тимовите што ја освоија Премиер лигата и ФА купот.
Во последната сезона, Варди постигна 10 гола на 36 натпревари во сите натпреварувања во вториот ранг на англискиот фудбал.
Феенорд се обидуваше да ја ангажира легендата на нападот, но тој одлучи да се пресели во Серија А и ќе биде само уште еден во низата фудбалски ветерани што пристигнаа во Италија, по Модриќ, Џеко, Де Брујне…
Кремонезе започна силно во овогодинешната сезона на Серија А, победувајќи ги Милан и Сасуоло во првите две кола, а Варди ќе го видиме во дресот на овој тим по репрезентативната пауза.