Дома Бокс Џејк Пол има големо срце – ќе донира пари на пензиониран борец за трансплантација на бели дробови

Џејк Пол има големо срце – ќе донира пари на пензиониран борец за трансплантација на бели дробови

Џејк Пол ја запиша својата 12. победа во 13. професионална боксерска борба. Јутјуберот кој стана боксер го победи по едногласна судиска одлука Хулио Цезар Чавез Јуниор, 39-годишниот Мексиканец кој беше ВБЦ-шампион во средна категорија од 2011 до 2012 година.

Пол доминираше во текот на целата борба и Чавез не го загрози сериозно во десетте рунди, а таков впечаток имаа и судиите, кои мечот го оцениле 99-91, 97-93 и 98-92 за Пол. Многумина го сметаат Чавез за најсериозниот боксер со кој Пол досега се соочил, имајќи предвид дека станува збор за поранешен шампион.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За Пол ова е шеста последователна победа, а последната ја забележа во ноември против 58-годишниот Мајк Тајсон. Единствениот пораз го претрпе од Томи Фјури, полубрат на Тајсон Фјури, во февруари 2023 година. По борбата, Пол во интервју пред публиката, која главно го исвирка, ги спомена Ентони Џошуа и Дејвис како можни следни противници.

Сепак, атмосферата се промени кога допре до емотивната тема. „Молете се за Бен Аскрен и неговото семејство. Сите треба да го поддржиме. Нека секој донира колку може“, рече Пол.

Според податоците на Националниот институт за здравје на САД, цената на трансплантацијата на белите дробови се движи од 300.000 до 400.000 долари.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Нов предизвик за славниот боксер – Мани Пакјао се враќа во рингот на 46 години!

Мани Пакјао, славниот филипински боксер и единствениот светски шампион во осум различни те…