Дома Фудбал Дежа-ву 16 години подоцна: Меси со мајсторство во победата на Мајами /ВИДЕО/

Дежа-ву 16 години подоцна: Меси со мајсторство во победата на Мајами /ВИДЕО/

Најголемиот мајстор докажа зошто се смета за најдобар. Лионел Меси со два погодоци го водеше Интер Мајами до победата над Нешвил со 3:1 во првиот натпревар од осминафиналето на плеј-офот на Источната конференција на МЛС лигата.

Меси потсети на златните денови од Барселона и на славното финале на Вембли кога со глава го матираше Манчестер Јунајтед за тронот на Лигата на шампионите. Нешто слично направи и сега, децении подоцна…

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меси, кој беше врвен стрелец во регуларната сезона со 29 гола, повторно се истакна благодарение на соработката со неговите поранешни соиграчи од Барселона. Во 19-тата минута, Луис Суарес центрираше, а Аргентинецот со глава го затресе голот по прецизниот удар.

Интер ја зголеми предноста во второто полувреме преку Тадео Аљенде, а Меси во 51-вата минута ги расчисти сите дилеми. Тогаш Жорди Алба центрираше топка, а во судирот помеѓу голманот и дефанзивецот на Нешвил, подарокот лесно го искористи осумкратниот освојувач на Златната топка. Сѐ што направи Нешвил беше единствено почесен погодок во надополнувањето, дело на Хани Мухтар.

По успехот во првиот натпревар, Интер има потреба од уште една победа за пласман во четвртфинале. Втората средба ќе се одигра на домашната територија на Нешвил на 2 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандеш: Ал Хилал ми нудеше еден куп пари, но мојот сон беше да освојувам пехари со Јунајтед

Бруно Фернандеш, откри дека навистина добил примамлива понуда од Саудиска Арабија, конкрет…