Дома Фудбал Девојката на Винисиус поради крема од гинеколог се тресела од страв Бразилецот да не падне на допинг!

Девојката на Винисиус поради крема од гинеколог се тресела од страв Бразилецот да не падне на допинг!

Вирџинија Фонсека, девојката на Винисиус, дел од тимот на Реал Мадрид, ја сподели својата приказна за секојдневниот живот со овој фудбалски ас.

Преку разговор со бразилскиот новинар Лео Диас, Вирџинија Фонсека ги откри деталите од обврските и контролните мерки со кои се соочува Винисиус, играчот на Реал Мадрид, за кој внимателноста е на прво место.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Таа објасни дека се е однапред организирано – од распоредот за оброци, времето за сон, до периодите за одмор по натпревари и тренинзи.

Исто така, спомна дека се исплашила кога и била пропишана крема од гинеколог.

“Винисиус ми рече: ‘Вирџинија, мораш да ми кажеш за сето што планираш да користиш’. Така што, кога ми беше дадена оваа крема, тој побара согласност од Реал Мадрид, бидејќи дури и ваков контакт може да предизвика позитивен резултат на допинг-тестот. Кога ми го кажаа ова, почнав да се тресам и си реков: ‘О, боже, дали користев нешто што не смеев’. Се колнам, треперев од страв”, објасни Вирџинија.

Познато е дека многу спортисти низ историјата паднале на допинг-контролите поради несакани контакти со забранети супстанции преку разни козметички производи или масти, но Винисиус очигледно не сака да ја остави на случај некоја грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриена „измамата“ на Синер на Австралијан опен

Тенискиот свет не престанува да зборува за Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на Австралијан …