Дома Фудбал Детали за несреќата во која животот го загуби Жота

Детали за несреќата во која животот го загуби Жота

По веста за смртта на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота се појавуваат и детали од несреќата во која го загубил животот..

Оваа трагедија се случила во провинцијата Самора, на 65-от километар на автопатот А-52, близу до општината Палациос де Санабрија. Во возилото, заедно со Диого, бил неговиот брат Андре кој имал 26 години. И двајцата починале на самото место.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Возилото излетало од патот и било зафатено од пламени, кои потоа се прошириле на околното зеленило.

“Според првичните информации, 28-годишниот Диого Жота и неговиот брат Андре, фудбалер на Пенафиел, загинале во трагичната несреќа непосредно по полноќ, на 65-от километар од патот А-52 во зоната Сенадила. Оперативниот центар на провинцијата Кастиља и Леон примил неколку повици за несреќата, во кои објасниле дека возилото во кое биле двајцата млади момци излетало од патот и се запалило. На местото на несреќата биле испратени сообраќајната полиција, противпожарната бригада, и службите за итна медицинска помош, кои за жал можеле само да потврдат смртта на двајцата младици”, пишуваат локалните медиуми.

Тагата е уште поголема, бидејќи Жота ова лето правеше свадба со својата долгогодишна партнерка со која има и три деца….

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најдобриот стрелец во Серија А прави трансфер од 60 милиони евра?

Саудиските клубови комплетно го изместија пазарот на фудбалските трансфери, така што не е …