
Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза (30), играч на италијанскиот Виртус од Болоња, беше уапсен синоќа заедно со сопругата, српската одбојкарка Милица Тасиќ, поради физички напад врз персоналот на Брзата помош кој беше на дежурство!
Инцидентот се случи во центарот на Болоња, недалеку од салата Паладоца, каде што се наоѓаше и Вилдоза. Амбулантното возило застана за да ја лоцира адресата на итниот случај, кога, според пишувањата на италијанските медиуми, Вилдоза дојде со автомобил и почна да реагира и да го пцуе тимот на Црвениот крст.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тоа не беше крајот – неколку минути подоцна, повторно се сретнаа на Вијале Силвани, додека возилото имаше вклучени сирени. Вилдоза наводно намерно кочеше и маневрираше за да ја попречи амбулантното возило, а потоа излезе и ја нападна физички една од медицинските работнички, фаќајќи ја за врат!
Неговата сопруга Милица, исто така учествуваше во хаосот – според сведочења од местото на настанот, таа ја влечеше работничката за коса и се обидуваше да ја оддели од сопругот.
Ситуацијата ја забележа патрола на карабинери, која веднаш реагираше, заедно со другите присутни членови на клубот и полицијата, повикана од нападнатите медицинари.