Дома Фудбал Детали од соблекувалната на Челси: Дрогба сакал да се тепа со соиграч од Израел, па на крајот Шевченко го нокаутирал

Детали од соблекувалната на Челси: Дрогба сакал да се тепа со соиграч од Израел, па на крајот Шевченко го нокаутирал

Речиси две децении подоцна излегоа на виделина досега непознати информации за конфликтите во соблекувалната на Челси за време на “режимот” на Жозе Мурињо.

Малку напаѓачи во историјата на Премиер лигата доминираа како Дидие Дрогба, легенда на Челси и еден од клучните играчи во златната ера на клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во текот на девет сезони во Лондон, Дрогба беше синоним за сила, голови и одлучувачки моменти, водејќи го Челси до бројни трофеи.

Освои четири титули на првак на Англија, четири ФА купа, како и Лигата на шампионите во сезоната 2011/12, оставајќи неизбришлива трага во клупската историја. Сепак, тој не беше плашлив само за противниците, туку и за соиграчите на тренинзите.

Поранешниот играч на Челси, Стив Сидуел, откри како тренинзите во Кобхам често беа на граница на инцидент.

Според неговите зборови, во тимот имаше многу лидери како Џон Тери, Френк Лампард, Мајкл Есиен, Дрогба и Мајкл Балак. Во таква средина, тренинзите често беа исклучително жестоки и без попуштање.

„Имаше лидери. Тери, Лампард, Есиен, Дрогба, Балак, сите беа водачи во соблекувалната. На тренинзите играчите се спротивставуваа еден на друг без ограничувања. Се сеќавам како Есиен го “подели” Шевченко со еден старт“, започна Сидвел и додаде:

„Тал Бен Хаим еднаш остро интервенираше против Дрогба, а Дрогба стана и рече: ‘Сакам да го убијам’. Мурињо на тоа одговори: ‘Ми треба во сабота, можеш да го убиеш следниот викенд’. Мислам дека Мурињо го сакаше тоа, дека се хранеше од таква енергија.”

Главниот актер на инцидентот беше израелскиот интернационалец, Тал Бен Хаим, кој во сезоната 2007/08 го носеше дресот на Челси.

По еден груб старт против Дрогба, ситуацијата ескалираше, а напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска не го криеше бесот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човекот кој имаше чудно „проклество“ му кажа збогум на фудбалот!

Арон Ремзи, еден од најзначајните фудбалери во историјата на велшката репрезентација и игр…