Дома Останати Кошарка Денвер пренесе нови лоши вести за повредата на Јокиќ

Денвер пренесе нови лоши вести за повредата на Јокиќ

Денвер Нагетс пренесоа нови лоши вести поврзани со состојбата на повредата на Никола Јокиќ.

Најдобриот играч во НБА лигата ќе го пропушти и натпреварот на Нагетс против Детроит Пистонс, што јасно укажува дека паузата ќе биде подолга од очекуваната во Денвер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова ќе биде 15-тиот пропуштен натпревар на Јокиќ оваа сезона, а Нагетс потврдија нешто што никој не сакаше да слушне – трофејот за МВП речиси сигурно ќе му избега од рацете на Јокиќ. Џокер може да пропушти најмногу 17 натпревари во текот на сезоната за да биде во трката за МВП, а по дуелот со Детроит, ќе има простор да не одигра само уште два натпревари.

Голема е штетата што се случи оваа повреда, бидејќи Србинов беше еден од главните фаворити за престижната награда пред да му страда коленото. Во 32 натпревари кои ги одигра пред повредата, Јокиќ забележуваше импресивни бројки: 29,6 поени по натпревар, 12,2 скока и 11,0 асистенции, со шут од игра од 60,5% и 43,5% за три поени, но тоа барем на личен план нема да му донесе ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спектакуларно забивање во НБА како на „ол-стар“ натпревар – погледнете ја реакцијата на Дончиќ! (Видео)

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс, во дуелот против Чикаго Булс приреди забивањ…