
Ден откако го отпуштија тренерот Мајкл Малоун, Денвер Нагетси ја прекинаа серијата од четири порази со победа од 124-116 над Сакраменто Кингс.
Денвер (48-32), играјќи го својот прв натпревар под водство на привремениот тренер Дејвид Адлман, водеше речиси цел натпревар. Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 33. трипл-дабл учинок сезонава со 20 поени, 12 скока и 11 асистенции.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Екипата од Колорадо се бори за директно учество во плејофот, а триумфот во Калифорнија е чекор во вистинската насока по четирите претходни порази.
“Се разбудивме. Тоа ни беше потребно. Покажавме дека кога се бориме можеме да играме со секој тим“, рече Јокиќ.
Центарот на репрезентацијата на Србија имаше посебен однос со Малоун кој го тренираше во текот на последните десет години во Денвер.
“Тоа е дел од спортот. Луѓето доаѓаат и си одат. Сепак, имав посебен однос со Малоун. Заедно поминавме низ се. И добро и лошо. Освоивме титула и имаме навистина неверојатни спомени. Но, сето тоа е дел од работата.”
Јокиќ имаше и порака за сите НБА тимови.
“Сите велат дека сме ранливи. Но, ѕверот е најопасен кога е ранет. Мислам дека ѕверот сега се разбуди”, заклучи Јокиќ.
Фото: Denver Nuggets/FB