Дома Останати Кошарка Денвер ja декласираше Јута: Јокиќ постигна неверојатен кош од половина терен (Видео)

Денвер ja декласираше Јута: Јокиќ постигна неверојатен кош од половина терен (Видео)

Убедлива победа забележаа кошаркарите на Денвер минатата ноќ, кои на крилјата на уште една одлична партија на Никола Јокиќ, ја совладаа Јута пред своите навивачи со 129:93. Српскиот центар помина само три четвртини на теренот, но тоа му беше доволно да ги поведе Нагетс кон уште една победа која многу ќе им значи во борбата за второто место на Западот седум кола пред крајот на регуларната сезона.

Јокиќ го заврши мечот со 27 поени (8/18 од игра, 1/5 за три), 14 скокови, шест асистенции и четири украдени топки, а бидејќи натпреварот (практично) беше завршен со големата серија во третата четвртина (86:65), српскиот центар мирно го гледаше остатокот од мечот од клупата бидејќи не се врати на теренот. А, она што ја одбележа неговата партија е потегот кој го изведе на самиот крај на првиот дел од играта.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…