Дома Фудбал Деновиве не излегува од дома, прикован е за креветот: Најтешките денови во животот за Златан Ибрахимовиќ

Деновиве не излегува од дома, прикован е за креветот: Најтешките денови во животот за Златан Ибрахимовиќ

И Златан Ибрахимовиќ е само човек, го чувствува тоа веќе некое време бидејќи не е во состојба да го напушти својот дом. Медиумите во Италија се загрижени што се случува со легендарниот напаѓач, а сега пристигнаа и првите информации.

Популарниот Ибра во таборот на Росонерите формално ја има функцијата “виш советник”, но е задолжен за многу други работи, пред сè за да го одржува моралот на екипата висок и да носи некои од важните одлуки за спортскиот сегмент.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во време кога на Росонерите не им оди баш најдобро, многумина се прашуваат каде исчезна Ибра и зошто всушност го нема во јавноста кога тоа најмногу е потребно.

Имено, според информациите на италијанските медиуми, Ибрахимовиќ веќе некое време се соочува со прилично сериозна настинка која не му дозволува да мрда.

Во текот на својата 20-годишна фудбалска кариера никогаш немал слични проблеми, а сега кога е во пензија го почувствува како е да се разболиш и тоа прилично сериозно.

И додека порано беше врзан за кревет поради одредени операции на коленото, овој пат се соочи со поинаков вид на болест и ситуацијата очигледно се искомплицира.

Златан веќе во петок го очекуваат во Миланело за да даде поддршка на екипата пред клучниот дел од сезоната, а освен тоа ќе мора и да избере нов спортски директор на Росонерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…