Дома Фудбал Денот кога Југославија ја доживеа една од најголемите кражби на СП

Денот кога Југославија ја доживеа една од најголемите кражби на СП

На овој ден во 1982 година, преполниот стадион Местаља беше сведок на второто коло од Светското првенство каде домаќините Шпанија се сретнаа со Југославија. Со неверојатен погодок во 10-тата минута, Иван Гудељ ја доведе Југославија во водство. Но, само четири минути подоцна, данскиот судија Хеннинг Лунд-Соренсен направи потег кој целиот натпревар го промени.

Велимир Зајеч, дефанзивецот на Југославија, го прекина нападот на Перика Алонсо кон голот со прекршок, на кој речиси никој не приговараше кога судијата свирна. Но, гестот што следеше беше шокирачки не само за југословенските фудбалери, туку и за навивачите. Соренсен, иако прекршокот беше направен барем метар надвор од шеснаесетникот, одлучи да означи пенал.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Тогаш, ВАР не постоеше, но и без него беше јасно дури и за време на акцијата дека Зајеч го собори противникот надвор од шеснаесетникот, по што Алонсо направи уште неколку чекори пред драматично да падне внатре. Во тие времиња не се санкционираа симулациите или изнудувањето пенали, но шпанскиот репрезентативец ги заслужи и двете казни, не само пеналот.

Одлуката влезе во историјата на најконтроверзните моменти на СП, а судијата само минута подоцна потврди зошто. Хуанито шутираше од подарениот пенал, но промаши. Сепак, Соренсен нареди пеналот да се повтори, тврдејќи дека голманот Драган Пантелиќ се движел пред да биде шутиран ударот.

Хуанито од вториот обид постигна гол, а во второто полувреме Енрике Саура го донесе водството и конечната победа за Шпанија (2:1). Бесот кај Југославија, како и разочарувањето од бројните критичари ширум светот, не стивнаа. Посебно затоа што Југославија беше сомнително оштетена и во третото, односно последното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата го казни Манчестер Сити!

Англиската фудбалска Премиер лига го казни Манчестер Сити со 1.08 милиони фунти поради пос…