Дома Фудбал Денеска е ждрепката за Лигата на шампионите: Ова се шеширите!

Денеска е ждрепката за Лигата на шампионите: Ова се шеширите!

Денешниот ден носи воодушевување за фудбалските фанови, бидејќи во Грималди Форумот, Монако, ќе се одржи извлекувањето за Лигата на шампионите.

Со почеток во 18:00 часот, ќе биде откриено во кои групи ќе се натпреваруваат екипите, а познати се и шеширите во кои се сместени:

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Прв шешир:

ПСЖ, Реал Мадрид. Манчестер Сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челзи, Борусија Дортмунд, Барселона

Втор шешир:

Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт Франкфурт, Клуб Бриж

Трет шешир:

Тотенхем, ПСВ Ајндховен, Ајакс, Наполи, Спортинг, Олимпијакос, Славија Прага, Бодо/Глимт, Олимпик Марсеј

Четврти шешир:

Копенхаген, Монако, Галатасарај, Унион Сент Жилоа, Карабах, Атлетик Билбао, Њукасл, Пафос, Каират

И оваа сезона тимовите ќе играат по осум натпревари, со четири на домаќински терен и четири на гостински. Осумте најдобри ќе се пласираат директно во шеснаесеттина финале, додека тимовите од 9 до 24 место ќе играат бараж за место меѓу најдобрите 16 тимови на Стариот континент.

Тимовите кои ќе се најдат од 25 до 32 место ќе го завршат своето европско патешествие во оваа фаза.

Трофејот го брани ПСЖ, кој во финалето на претходната сезона го победи Интер со убедливи 5:0.

Извлекувањето на Светското првенство ќе се пренесува во живо на Арена Спорт од 18:00 часот.

Првото коло е закажано за периодот од 16 до 18 септември, а осмото ќе се игра на 28 јануари 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повеќе нема тајни: Јамал конечно ја покажа неговата девојка (Фото)

Ѕвездата на Барса конечно ја разјасни бурата од гласини и преку Инстаграм ја потврди роман…