Дома Фудбал Денес е првото полуфинале на Лигата на шампионите

Денес е првото полуфинале на Лигата на шампионите

ПРЕОСТАНУВААТ уште само пет натпревари од Лигата на шампионите оваа сезона. Првото полуфинале денеска во 21 часот на Емирати ќе го играат Арсенал и ПСЖ. Преносот е на каналот Арена Спорт 1. Утре првиот полуфинален натпревар ќе го игра вториот пар, Барселона и Интер.

Денешниот натпревар во Лондон домаќинот го дочекува без неколку играчи. Поради повреди му недостасуваат Бен Вајт, Рикардо Калафјори, Такехиро Томису, Жоржиwо, Кај Хаверц и Габриел Жесус, додека Томас Парти ја одработува суспензијата. ПСЖ нема такви проблеми. Борбата за финалето на Лигата на шампионите ја дочекува спокојно, со веќе обезбедена одбрана на француската титула и без отсутни играчи.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Двата противника добија комплименти за настапите во Лигата на шампионите оваа сезона. Арсенал го избори полуфиналето со две победи против Реал, актуелниот освојувач на натпреварувањето. ПСЖ го заслужи влезот меѓу четирите најдобри со победа против одличната Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се продава клубот кој испадна од Премиер лигата: Ова е неговата цена

Саутемптон со нетрпение го очекува крајот на кошмарната сезона во која испадна од Премиер …