Дома Фудбал Делии направија спектакл сред ноќ на „Маракана“ (Видео)

Делии направија спектакл сред ноќ на „Маракана“ (Видео)

По репрезентативниот фудбал кој не остави најдобар впечаток кога е во прашање Србија, фокусот на љубителите на фудбалот се враќа на клупско ниво и Суперлига. Пред нас е осмото коло на Суперлигата, каде имаме неколку интересни натпревари, а еден од дерби натпреварите е дуелот на Маракана каде се соочуваат Црвена Звезда и Железничар.

Натпреварот е на програмата на 14 септември од 17 часот, а овој натпревар има и посебно значење за навивачите на Звезда, бидејќи се слави 62-рoденден на стадионот Рајко Митиќ, популарната Маракана, и затоа влезот ќе биде бесплатен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Стадионот на Звезда официјално беше отворен на 1 септември 1963 година, кога Звезда ја победи Риека со 2:1. Од тогаш до сега, многу легендарни фудбалери поминаа низ Маракана, некои од најголемите во историјата повеќепати играле таму, подигнувале трофеи, давале спектакуларни голови…

Стадионот за многу навивачи стана „втор дом”, а многумина го сметаат и за вистински дом.

Поради тоа, Делиите имаа посебна акција во однос на најавата на претстојниот натпревар и прослава на роденденот на Маракана.

Влегоа на теренот и со факели нацртаа куќа, со што создадоа оригинална симболика поврзана со односот кој го имаат кон својот стадион.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Роси ќе го преземе повеќекратниот освојувач на Скудетото!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, легендата на Рома Даниеле де Роси, по СПАЛ и „…