
Азурите продолжуваат да се лизгаат уште подлабоко, иако како веќе да нема каде да одат…
Легендарниот фудбалер Алесандро Дел Пјеро е длабоко разочаран од фактот што Италија по трет пат по ред го пропушта шансата да отиде на Светското првенство.
Четирикратните светски шампиони од 1934, 1938, 1982 и 2006 година, повторно разочараа бидејќи репрезентацијата на БиХ по пенал серијата ќе патува на СП, додека Италијаните уште еднаш остануваат дома.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Легендарниот Алесандро Дел Пјеро вели дека италијанскиот фудбал денес е предмет на смеа и шега.
“Италија стана повод за подигрување во светскиот репрезентативен фудбал. Непростливо е да пропуштиме три Светски првенства еден по друг. Како е можно една таква нација да изгуби цела генерација на Светските првенства? Четирипати сме биле светски шампиони, а 20 години не постигнавме гол на светското првенство. Некогаш имавме играчи од светска класа, а сега нашите играчи се просечни”, рече легендарниот Дел Пјеро.
Медиумите се однесуваат, како што се очекуваше, без милост, и најголемиот дел го обвинуваат Алесандро Бастони за необјаснивото исклучување. Газета дело спорт потсетува на неодамнешниот случај со Калулу кога симулираше и изнуди црвен картон за противникот, кога исто така беше остро критикуван од јавноста и медиумите.
Сите медиуми сега се прашуваат како е возможно еден од најдобрите играчи и водич на оваа генерација да направи таков кикс и да ги остави своите соиграчи во неволја.
Кориера дело спорт е уште поостар, но не само против Бастони, туку и против фактот дека италијанскиот фудбал сега е на најниско ниво.
“Дали се сеќавате каде бевте, ако воопшто сте биле родени на 9 јули 2006 година? Или на 24 јуни 2014 во Бразил кога Уругвај нè исфрли уште во групната фаза. Тој меч е последниот што големата Италија го одигра на мундијал. Следниот можеби ќе биде во 2030 година, а тоа значи дека децата родени во јули 2014 година ќе имаат 16 години, а мажите и жените родени во 2006 година ќе бидат зрели со 24 години. Цела една генерација никогаш не ја видела Италија на Мундијал”, пишува Кориера дело спорт.
И што уште има некој да каже на оваа тема? Италијанскиот фудбал не само што го допре дното, туку и се копа понатаму, оди се подоле…