Дома Фудбал Деклан Рајс ја отвори душата: „Многу ме боли и мачно ми е!“

Деклан Рајс ја отвори душата: „Многу ме боли и мачно ми е!“

Арсенал игра многу солидна сезона, но на крајот нема да има нов трофеј во својата витрина.

Што се однесува до Премиер лигата, работите веќе оддамна се јасни – Ливерпул и математички го обезбеди својот 20-ти трофеј како шампион на Англија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фокусот на „Топчиите“ оваа сезона не беше на домашните купови, а во Лигата на шампионите имаа респектабилен пат.

И на тој начин оваа сезона „Топчиите“ останаа без трофеј, а Declan Рајс ги отвори чувствата пред англиските медиуми поради таа тема.

„Многу ме боли и мачно ми е. Многу, многу ми е важно тоа (трофејот). Ова е спортот кој го сакам и во кој сакам да успеам. Да се освои трофеј со Арсенал би било одлично, но имам уште 4-5 години договор да го оствариме тоа. Верувам дека ќе успееме“, започна Рајс.

„Ако имаш победнички менталитет, многу тешко е тоа да се прифати. Од друга страна, Ливерпул оваа година го заслужи сето тоа и не сум тип кој бара оправдувања“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…