Дома Фудбал Дејан Блажевски се врати по две години и покажа класа: Двапати стрелаше, а еден беше еврогол! (Видео)

Дејан Блажевски се врати по две години и покажа класа: Двапати стрелаше, а еден беше еврогол! (Видео)

Поранешниот фудбалер на Вардар, Дејан Блажевски повторно блесна на зелениот терен во дресот на Хоризонт Турново, враќајќи се со два погодоци.

Во натпревар од Третата лига – Исток, искусниот напаѓач двапати ја затресе мрежата на Малеш во убедливата победа од 9-1, а посебно се издвојува неговиот втор гол, постигнат со прецизен удар од дистанца.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Блажевски низ кариерата остави белег и во Пелистер и Работнички, додека на меѓународната сцена настапуваше за екипи од Грција, Азербејџан и Албанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поведена постапка против Сејдини: ФФМ ќе прави ревизија и на тренерските лиценци

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлу…