Дома Фудбал Децении минуваат, Милнер не застанува: Вчера стана втор најстар стрелец во Преиер лигата, знаете ли кој е само постар?

Децении минуваат, Милнер не застанува: Вчера стана втор најстар стрелец во Преиер лигата, знаете ли кој е само постар?

Децении минуваат но англискиот ветеран Џејмс Милнер и натаму игра во Премиер Лигата и постигнува голови. Вчера, тој стана вториот најстар стрелец во историјата на Премиер Лигата.

Џејмс Милнер постигна гол против Манчестер Сити за да го изедначи резултатот на 1:1, а неговиот тим, Брајтон, до крајот на натпреварот успеа да го постигне и втор гол за конечни 2:1, правејќи голем пресврт против фаворизираните “Граѓани”.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Милнер стана вториот најстар стрелец во историјата на Премиер Лигата, а истовремено и најстариот што постигнал гол од пенал.

Голот го постигна со 39 години и 239 дена, а само еден фудбалер во историјата на Премиер Лигата постигнал гол на повисоки години.

Тоа е Теди Шерингем, кој својот последен гол во Премиер Лигата го постигна за Вест Хем на возраст од 40 години и 268 дена.

Милнер постави рекорд по временскиот распон меѓу првиот и последниот гол во кариерата во Премиер Лигата. Точно 22 години и 248 дена поминаа меѓу првиот и последниот гол на Милнер.

Првиот негов гол во Премиер Лигата го постигна на само 16 години и 356 дена, играјќи за Лидс, тогаш стаана вториот најмлад стрелец во историјата на лигата.

Уште една интересна работа. Милнер постигна гол против голманот на Сити, Џејмс Трафорд, кој беше роден токму кога Милнер дебитираше во Премиер Лигата, во 2002 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ги заврши трансферите на двајцата фудбалери од Уганда

Екипата на Вардар денеска и официјално ги претстави најновите засилувања, напаѓачот Фахад …