
Тренерот на фудбалерите на Олимпик Марсеј Роберто Де Зерби смета дека не е соодветно да се споредува неговиот клуб со Пари Сен Жермен.
Вчера се одигра популарното “Класико” на „Паркот на принцовите“ каде што Парижаните со 3:1 го испратија Олимпик, кој се наметна како конкурент за титулата на почетокот на сезоната, но тоа не беше реално.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Како што сезоната течеше, така и Пари Сен Жермен играше се подобро и синоќа видовме дека релативно лесно се справија со најголемиот ривал.
„Можете да го нарекувате ‘Класик’, но за мене тоа не е така. Не можеме да ја споредиме силата на теренот и економските можности на двата клуба. ‘Класико’ е кога постои борба, кога добиваш удар, па возвраќаш, кога постои притисок. Но, во реалноста тоа го нема помеѓу ПСЖ и Марсеј. Можеби сум луд, но јас така го гледам, нема компетитивност“, рече Де Зерби по натпреварот.
Разликата меѓу првопласираниот Пари Сен Жермен и второпласираниот Марсеј е 19 бода во овој момент.