
Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис повторно повика на револуционерни промени во фудбалот, со нестандардната идеја да им се забрани на играчите над 23 години да ги претставуваат своите национални тимови, со цел да се намали бројот на нивните натпревари во текот на една сезона.
„Европа треба да се промени, бидејќи дојде време за тоа. Фудбалските раководители се неволни да се менуваат, бидејќи се плашат да ги загубат своите удобни позиции. Но, дојде времето да се променат и правилата на играта, како и форматите на првенствата. Има премногу натпревари и мислам дека фудбалерите нема да можат да играат повеќе од 50, 60 или 70 натпревари на сезоната.“
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Луѓето не сфаќаат дека треба да има лимит за националните тимови. Штом поминеш 23 години, не треба повеќе да играш за националниот тим, за да се пронајдат нови фудбалери. Ако играте со оние кои се над 30 години и тие се повредат, така ги уништуваш првенствата, кои не се почитуваат доволно. Покрај тоа, не се плаќаат доволно големи надоместоци за повиците на играчите, на кои клубовите им плаќаат за сите 12 месеци. Така што и тоа треба да се регулира,” коментира Де Лаурентис
.