
Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот на тимот Антонио Конте, јавуваат Николо Шкира и „Ла Република“.
Сегашниот договор на стручњакот е до летото 2027 година, но намерата на шефот на италијанскиот шампион е нивната соработка да продолжи подолго.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
За таа цел, тој е подготвен да го продолжи договорот на Конте за уште две сезони до 2029 година, бидејќи го гледа тренерот како клучен фактор за успехите на клубот оваа година. Самиот Конте исто така давал позитивни сигнали за оваа можност, и при потпишување, тој ќе добие зголемување на платата.
Интересно е што на почетокот на ноември имаше гласини за можен раскин меѓу двете страни поради незадоволството на Конте по поразот против Болоња со 0:2. Сепак, сега атмосферата во клубот е сосема различна, откако пред неколку дена 56-годишниот стручњак го однесе Наполи до триумф со Суперкупот на Италија, што го додаде на освоеното Скудето уште во дебитантската сезона како водач на „партенопеите“.