Поранешниот фудбалер на Јувентус, Данило, вели дека заминувањето од клубот ‘не била негова одлука’, но го напушта тимот без жалење затоа што дал сè од себе.
Капитенот на „бјанконерите“ имаше уште шест месеци од договорот, но повеќе не беше дел од плановите на Тиаго Мота.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Секогаш бев достапен и секогаш си ја вршев работата. Засекогаш ќе го носам со себе односот што го имам со момците. Не можам да влијаам на одлуките на тренерот и клубот. Тоа не беше моја одлука“, изјави Данило пред новинарите во понеделник пред заминувањето од аеродромот.