Бранителот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, откри дека направил важен чекор во своето заздравување.
Тој сподели фотографија од соблекувалната на тимот, од која може да се забележи дека веќе носи фудбалски копачки, што значи дека продолжил со тренинзи на теренот. Карвахал е надвор од октомври, кога му беше извршена операција на коленото поради скинати предни крстни врски на десната нога.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Колку ми недостигавте“, напиша за копачките 33-годишниот фудбалер на точно 163-тиот ден од својата повреда.