Дома Фудбал Лига на шампиони Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до победа над Црвена Звезда во Лигата на шампиони.

Милан беше подобар во првото полувреме, напаѓаше, но Звезда одлично се бранеше и успеа да се закани во два наврати. Едно невнимание кое го казни Леао за водство од 1:0.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во второто полувреме Звезда одигра одлично и успеа да израмни со прекрасниот гол на Радоњиќ на 1:1, а потоа Ивањиќ имаше шанса и за пресврт. Абрахам во 87-та минута погоди за водство од 2:1 и победа на „росонерите“.

Дербито на вечерта го доби Јувентус. После мирното прво полувреме Влаховиќ во 53-та минута погоди за 1:0, а Мекени ги постави конечните 2:0.

Барселона оствари триумф на гости против Борусија Дортмунд (2-3) и стигна до 15 бода во Лигата на шампионите. Рафиња го отвори резултатот, а потоа Гераси и Феран Торес постигнаа по два гола.

Арсенал го победи Монако со 3-0. Букајо Сака беше двоен стрелец, а погоди и Каи Хаверц.

Феенорд ја победи Спарта Прага со 4-2, а Штутгарт беше убедлив против Јанг Бојс и славеше со 5-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер јунајтед ќе направи сè за да го задржи Бруно Фернандеш

Раководството на Манчестер јунајтед испратило јасна порака до својот капитен Бруно Фернанд…