Дома Фудбал Дали пред јубилејот и дербито Гвардиола несвесно го „пецна“ Слот?

Дали пред јубилејот и дербито Гвардиола несвесно го „пецна“ Слот?

Во недела од 17:30 часот на програмата е големото дерби на англиската Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Ливерпул.

Двата тима по 10 одиграни кола имаат значително заостанување зад лидерот на табелата Арсенал. Сити заостанува 6 бода, Ливерпул 7, па претстојниот дуел е од огромна важност.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вчера ги објавивме очекувањата на менаџерот на Ливерпул Арне Слот, а денеска се обрати и Пеп Гвардиола кој против Ливерпул по 1.000. пат ќе води некој натпревар во својата блескава тренерска кариера.

И токму поради тој голем јубилеј, Пеп зборуваше за своите најголеми тренерски ривали, па истакна дека Јирген Клоп, кој Слот го наследи на лето 2024 година на кормилото на Ливерпул.

Во моментот е на својата десетта сезона на клупата на Сити, Гвардиола има освоено шест титули во Премиер лигата, во тесни борби често против Ливерпул на Клоп, во 2018/19 и 2021/22 година.

А во двете сезони во кои не успеа да освои шампионска титула, 2019/20 и 2024/25, Ливерпул беше тој што славеше, најпрво со Клоп, а потоа минатата сезона со Слот.

Ако можам да изберам еден ривал за овој личен јубилеј кој сакам да го споделам со многумина, тие (Ливерпул на Клоп) би биле најдобриот. Во оваа земја сум подолго отколку на кое било друго место. Секако, Барселона, влијанието што го имаше врз мојот живот, од дете кое собира топки, преку фудбалер до тренер, е очигледна, а Баерн беше исто така неверојатен чекор. Но, Ливерпул, особено со Јирген, беше најголем ривал во оваа земја и искрено, не можеше да биде подобро. Судбината така сакаше и убаво е што ќе го доживеам тоа“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…