На дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед кое се одигра на стадионот Емирати, домашниот тим привлече големо внимание со своите необични дресови.
Овој потег е дел од кампањата „Нема повеќе црвено“, која има јасна порака – да се запре насилството и да се намали криминалот кај младите.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Арсенал, кој е препознатлив по црвената боја, одлучи да носи бели дресови за време на натпреварите од ФА Купот за да го истакне сериозниот проблем со насилството и зголемениот број инциденти поврзани со употребата на ножеви во Лондон и пошироко.
Посебна симболика има тоа што амблемот, логото на спонзорот и бројките на дресовите се целосно бели, што дополнително ја нагласува пораката на оваа кампања.
Arsenal will wear an all-white kit today as part of their No More Red initiative.
— Match of the Day (@BBCMOTD) January 12, 2025
It is part of more than 40 years of community work done by Arsenal to try and reduce knife crime and youth violence. pic.twitter.com/PUgug8bm7h