Дома Фудбал Црвена звезда на чекор од пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите

Црвена звезда на чекор од пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите

Во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите фудбалерите на Црвена звезда славеа на гости со 3:1 против Лех Познањ.

Српскиот првак поведе во деветтата минута со голот на Круниќ по асистенцијата на Ндиаје. Полската екипа успеа да дојде до израмнување во 34 минута преку Ишак, асистент беше Мутињо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Црвена звезда повторно дојде во водство на стартот од вториот дел со вториот погодок на Круниќ (51`). Конечниот епилог го постави Бруно Дуарте во 73 минута, а овој пат асистенција запиша Иваниќ.

Реваншот кој ќе одлучи кој ќе патува во плеј-офот на ЛШ ќе се игра на 12 август во Белград.

Во другите денешни мечеви, Каират Алмати дома со 1:0 триумфираше над Слован Братислава, тимот на Клуб Бриж славеше на гости против Салцбург со 1:0, а без голови ремизираа екипите на Лудогорец и Ференцварош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камерите на Супер Боул го уловија Луис Хамилтон: Британецот уживаше во друштво на новата девојка (Видео)

Еден кадар од трибините беше доволен да ги разбуди социјалните мрежи. Повеќе не се криеја,…