
Милутин Осмајиќ, напаѓач на англискиот второлигаш Престон Норт Енд и репрезентативец на Црна Гора, повторно е во центарот на скандал во Англија. Откако есента беше суспендиран на осум натпревари заради тоа што го каснал противникот, сега е обвинет за расизам од страна на ривал.
Ханибал Мајбри, играч на Барнли, тврди дека Осмајиќ на натпреварот во 33. коло во саботата (0:0) му рекол “е*и се, црн човек!”. Поради ова, веднаш по навредата за која го обвинува Осмајиќ, го пријавил на судијата на натпреварот, Ендру Кичен. Но, бидејќи станува збор за негов збор против зборот на Осмајиќ, Црногорецот не беше казнет. Осмајиќ пак тврди дека му рекол „лош човек“, односно „bad man“, а не „црн човек“, односно „black man“.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Мајбри и по натпреварот инсистира дека бил расно навреден од Осмајиќ.
„Нема да молчам за тоа што се случи на натпреварот. Секогаш ќе укажувам на расизам кога го слушам или гледам. Ова е единствениот начин на кој можеме да го промениме спортот и општеството. Јас сум силна личност, но никој не треба да го искуси ова одвратно навредување на теренот”, вели тој.
.