Дома Фудбал Цела Шпанија зборува за потегот на Модриќ: Ги воодушеви сите со она што го направи за својот соиграч!

Цела Шпанија зборува за потегот на Модриќ: Ги воодушеви сите со она што го направи за својот соиграч!

По завршувањето на Светското клупско првенство, каде Реал Мадрид се соочи со пораз од Пари Сен Жермен со резултат 4:0, тимот се врати дома во Шпанија. Меѓутоа, една случка по нивното пристигнување на аеродромот стана предмет на жестоки дискусии.

Легендарниот хрватски играч Лука Модриќ, кој одлучи да ја заврши својата блескава кариера во Реал по 13 години, 597 одиграни натпревари и неверојатни 28 трофеи, беше снимен како пред автобусот на клубот го предава својот дрес на младиот соиграч Арда Гулер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На видеото, кое брзо стана вирално на социјалните мрежи, се гледа како Модриќ го извлекува дресот од својата торба, го предава на Ѓулер, а потоа го прегрнува топло. Шпанските и турските медиуми веднаш го толкуваа овој гест како симболична „предавање на улогата“, нагласувајќи дека Лука во младиот Турчин гледа свој наследник во средниот ред на Реал.

Фановите, особено од Турција, ги преплавија мрежите со коментари како „Модриќ круниса наследник“ и „ова е почеток на нова ера“. Според шпекулациите од шпанските извори блиски до клубот, во разговорите со раководството на Реал, Модриќ споделил дека во турскиот фудбалер гледа клучен играч за иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…