Дома Останати Кошарка Чудесен трипл-дабл на Јокиќ: Ова никој не го постигна во новата НБА ера (Видео)

Чудесен трипл-дабл на Јокиќ: Ова никој не го постигна во новата НБА ера (Видео)

Денвер Нагетс загубија на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс со 128:117, иако домаќините беа ослабени со неиграњето на Џими Батлер, Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Кристапс Порзингис. Иако Нагетс изгубија, главната приказна од натпреварот е новото достигнување на нивниот најдобар играч. Никола Јокиќ ја заврши играта со 35 поени, 20 скока и 12 асистенции. Ова му беше шести пат во кариерата да има 35/20/10 во најважните категории на еден натпревар.

Јокиќ веќе во седмата минута од третата четвртина оствари трипл-дабл. Ова му е 185. трипл-дабл во кариерата, со што му се приближи на рекордерот Расел Вестбрук, кој има 207. Тој е исто така активен, но Вестбрук (37) е шест години постар од Јокиќ и далеку од најдобрите денови, па се очекува феноменот од Сомбор да го помине најдоцна следната сезона.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Јокиќ со овој трипл-дабл постави и друг рекорд. Ова му беше дури 81. пат да оствари најпрестижното постигнување уште во третата четвртина. „ЕСПН“ нагласува дека со тоа стана рекордер во оваа категорија во новата, play-by-play ера на НБА лигата. Таа започна во втората половина на 90-тите, кога во НБА лигата се применуваше детална статистика и аналитика.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Рекорд, Рекорд, Рекорд! Еве што постигнa Јокиќ за една вечер и покрај поразот

До кога, Никола? Тоа е прашањето што сите НБА аналитичари веројатно го поставуваат откако …