
Денес, на култната скокалница во Планица започнува натпреварувањето во ски летови, а меѓу натпреварувачите нема да го видиме Германицот Филип Рајмунд.
Имено, 24-годишниот кој моментално се наоѓа на 22. место во Светскиот куп, се откажа од денешното натпреварување на Планица поради причина која е сосема нетипична за ски скокачите.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Филип Рајмунд ја откажа својата посета на Словенија и на култната скокалница “Леталница братја Горишек” затоа што се плаши од височина.
“Како што некои од вас знаат, се плашам од височина. Обично имам ситуацијата под контрола, но од време на време имам проблем за време на летовите бидејќи изгубувам контрола над моето тело за секунда до секунда и пол. Во 95 проценти од ситуациите имам контрола, но кога станува збор за Планица, не смеам да ризикувам”, напиша Рајмунд, кој додаде дека би можел да се натпреварува во недела доколку собере храброст.
“Три дена ќе гледам како другите скокаат. Обично кога гледам скокови, сакам веднаш и јас да дојдам на стартот, па се надевам дека така ќе биде и во недела. Но, сигурно нема да летам ако не се чувствувам подготвен за тоа”, порача Германецот.