
Управата на Челзи има потреба да направи неколку продажби за да испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Алехандро Гарначо, објавува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
“Сините” се надеваат дека ќе се разделат со уште неколку фудбалери како Кристофер Нкунку, Николас Џексон, Карни Чуквуемека и Рахим Стерлинг. За сериозниот интерес на Лондонците кон аргентинското крило се зборува уште од јануари, но сега ситуацијата изгледа во понапреднета фаза.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Романо дополнува дека од “Стенфорд Бриџ” дури се договориле со фудбалерот за неговите лични услови, па останува само да постигнат договор со “Црвените ѓаволи”.
Локалните медиуми тврдат дека од “Олд Трафорд” поставиле цена од 50 милиони фунти за Гарначо, но многу е веројатно дека таа ќе биде намалена со приближувањето на крајот од трансфер периодот.