Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека лондонскиот фудбалски клуб не е подготвен да ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона, пренесуваат британските медиуми.
Челзи во неделата на свој терен го победи Брентфорд со резултат 2:1 во 16-то коло од англиската Премиер лига.
Лондонскиот клуб моментално се наоѓа на второ место на табелата во Премиер лигата со два бода помалку од првопласираниот Ливерпул, но Челзи има и еден натпревар повеќе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Мораме да бидеме реални. Не е важно колку победи имаме. Постои нешта што треба подобро да ги правиме. Затоа јас и понатаму мислам дека не сме подготвени да ја освоиме титулата. Навивачите можат да сонуваат, но ние во клубот мораме да бидеме реални”, наведе Мареска.
Фудбалерите на Челзи досега во сезоната во Премиер лигата постигнаа 37 гола, а примија 19.
“Мислам дека другите тимови, кои знаат како се освојуваат титули, не примаат голови на начинот на кој ние ги примаме”, изјави Мареска.
Челзи ја освои последната титула во Премиер лигата во сезоната 2016/2017.