Дома Фудбал Челзи потврди уште едно засилување: Веќе потрошија 150 милиони евра!

Челзи потврди уште едно засилување: Веќе потрошија 150 милиони евра!

Денес, екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, премина во Челси.

Дваесетгодишниот Гитенс потпиша договор со англискиот клуб до 2032 година. Челси во своето соопштение не ја објави вредноста на трансферот, но познатиот инсидер Фабрицио Романо откри дека трансферот изнесува 48.500.000 фунти, со дополнителни бонуси кои можат да достигнат до 3.500.000 фунти. Се проценува дека вкупната сума во евра може да достигне 60.000.000. 

“Прекрасно е што станав дел од клуб како Челси. Нетрпеливо очекувам да учам од сите во тимот и да дадам сѐ од себе овде. Ова е навистина неверојатно чувство”, изјави Гитенс за веб-страницата на клубот.

Гитенс дебитираше за Борусија Дортмунд во април 2022 година, кој им беше прв клуб во неговата професионална кариера.

Овој англиски крилен напаѓач одигра 107 натпревари за Дортмунд и постигна 17 гола.

Тој е третото засилување во нападот на Челси, по претходните пристигнувања на Лијам Делап и Жоао Педро. Челси го ангажираше Педро за 63.000.000 евра, а Делап за 35.000.000. Сумирано, Челси потрошил најмалку 150.000.000 евра за реконструкција на својот напад. 

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Со овие нови ангажирања, изгледа дека Жоао Феликс, Кристофер Нкунку, а можеби и Нони Мадуеке, кој постигнал договор со Арсенал, ќе си заминат од клубот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ретки се оние кои ја одбиваат понудата од Баерн Минхен, а овој играч токму тоа го направи

Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи в…