Дома Фудбал Челзи направи многу промашувања, но ова е најголемото

Челзи направи многу промашувања, но ова е најголемото

Кристофер Енкунку дојде во Челзи како големо засилување, но се чини дека „сините“ летово нема да имаат на кого да го продадат, макар и за половина цена.

Летото 2023 година Челзи плати на РБ Лајпциг дури 60 милиони евра за неговиот трансфер, но Енкунку прво претрпе тешка повреда поради која пропушти речиси целата прва сезона, а потоа никако да најде вистинска форма и да ги оправда очекувањата.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Интересно е што тој постигна дури 13 голови оваа сезона, но од нив дури пет во слабата Конференциска лига и три на понисколигашот Бароу во Лига купот. Во Премиер лигата има дадено само два гола, нема играно многу, во првенството на теренот помина само 448 минути распределени на 20 натпревари.

Тој доби шанса против Брајтон во ФА купот во саботата, но повторно разочара. Французинот не упати ниту еден удар кон голот на противникот, имаше само 34 контакти со топката, додека за споредба Роберт Санчез имаше 54. Енкунку имаше само еден обид за дриблинг и тоа неуспешен.

Навивачите го критикуваат за недоволниот ангажман и желба да се избори за место во тимот сега кога Никола Жексон е повреден.

Французинот зимоска преговараше со Баерн Минхен, но Германците не сакаа да го откупат, додека Челзи одби да го прати на позајмица.

Изгледа дека на лето сигурно ќе си замине, само прашање е каде и за колку пари. Учинокот од 16 гола и четири асистенции од кога пристигна во 2023 година секако не е задоволителен за Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Извлечени паровите за полуфиналето во Копа Дел Реј

Во Шпанија денеска беа извлечени паровите за полуфиналето во Копа Дел Реј. Барселона и Реа…