Дома Останати Тенис Љубовна бајка во Мелбурн: Се верија во декември, а сега испишаа историја на Австралија Опен (Видео)

Љубовна бајка во Мелбурн: Се верија во декември, а сега испишаа историја на Австралија Опен (Видео)

Најубавата приказна на овогодинешниот Австралија Опен не се однесува на најголемите ѕвезди, туку на двајца вљубени „среќници” кои го живеат својот сон! Австралискиот тениски пар, Медисон Инглис и Џејсон Кублир, ќе имаат двоен повод за славење.

Откако се свршија во декември минатата година, овој пар успеа да обезбеди пласман во главниот ждреб на првиот Гренд слем на сезоната, и тоа во само еден час разлика!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа беше вистинска драма со среќен крај. Кублир губеше 1:0 во сетови од Александар Блокса, но успеа да направи пресврт, пред да му го предаде мечот Германецот во одлучувачкиот сет при водство на Австралиецот (3:6, 6:3, 1:0).

Само еден час подоцна, неговата свршеница Медисон Инглис ја “измете” Германката Тамара Корпач со 6:4, 6:4 и за првпат од 2022 година влезе во главниот ждреб.

Најинтересниот момент се случи кога Медисон го здогледа својот свршеник покрај теренот додека нејзиниот меч сè уште траеше.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штета: Ѓорческа го предаде полуфиналето во Портои

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порто …