Дома Фудбал Челзи и Њукасл во трка за талентираниот Бразилец – Понудата мора да биде над 50 милиони фунти

Челзи и Њукасл во трка за талентираниот Бразилец – Понудата мора да биде над 50 милиони фунти

Енцо Мареска во дебитантската сезона на клупата на Челзи постигна солиден успех и го обезбеди 4-тото место на табелата во англиската Премиер лига.

Оваа позиција им го обезбеди настапот во Лигата на шампионите наредната сезона, што беше и првичната цел на лондонските Сини.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Следната сезона сигурно ќе имаат уште поголеми амбиции, а навивачите на овој клуб тајно се надеваат на битка за самиот наслов шампион на Англија.

За да ги остварат зададените цели, Челзи ќе мора дополнително да го засили играчкиот кадар и ова лето ќе се сврти кон трансфер пазарот.

На Стамфорд Бриџ веќе пристигна Лиам Делап од редовите на Ипсвич, но тоа нема да биде крај на засилувањата за Сините ова лето.

Како што пренесува реномираниот спортски новинар – Фабрицио Романо, Челзи е заинтересиран за услугите на Жоао Педро, играчот на Брајтон.

Педро, исто како и Делап, по вокација е центарфор, но Бразилецот одлично се снаоѓа и на левото крило, како и на позицијата зад напаѓачите, т.н. “десетка”.

Играњето на Брајтон имаше забележителни настапи минатата сезона во Премиер лигата каде одигра 27 натпревари, на кои успеа да постигне десет гола и да додаде шест асистенции.

Но, Челзи не е единствениот англиски клуб што е заинтересиран за услугите на талентираниот 23-годишник.

Романо наведува дека во трката повторно се вклучи и Њукасл, кој веќе претходно испраќаше понуда на Брајтон во вредност од околу 50 милиони фунти.

Брајтон тогаш ја одби оваа позамашна понуда и даде до знаење на потенцијалните купувачи дека откупната цена ќе мора да биде значително поголема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер најде напаѓач во Парма

Интер договори ново засилување во нападот, јавуваат италијанските медиуми. Фудбалскиот клу…