
Фудбалерите на лондонскиот Челси се пласираа вечерва во полуфиналето на Конференциската лига, иако на својот терен беа поразени со резултат 1:2. Во вечерашниот реванш на „Стенфорд Бриџ“ Челзи влезе со три гола предност од првиот натпревар против Легија (3:0), но гостите ослободени од резултатскиот императив сакаа значително да го подобрат впечатокот од тој дуел.
И, веќе во деветтата минута, Јоргенсен направи пенал што беше досуден за гостите, а сигурен од белата точка беше Пекарт кој и донесе водство на Легија 0:1. На одговорот на Челси се чекаше до 33. минута кога Санчо одлично центрираше од десната страна, а Кукурела беше на вистинско место и од непосредна близина ја погоди мрежата за 1:1.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тој резултат остана до крајот на првото полувреме, а на почетокот на второто тимот на Легија повторно заигра подобро и по само осум минути игра во продолжение тимот од Варшава повторно поведе. Овојпат голот беше постигнат по удар од корнер од левата страна, а во гужвата пред голот на домаќините, Гонсалвеш ја префрли топката до Капуадија кој ја погоди мрежата на голманот на домаќините и го постави конечниот резултат 1:2.
Фото: Chelsea FC/FB