
Челзи ја освои титулата светски клупски шампион откако го совлада ПСЖ со 3:0 во завршницата на турнирот што се одржа во Соединетите Американски Држави. Треба да се истакне дека многу клубови му честитаа на Челзи, а меѓу нив и Фламенко.
Овие две екипи се сретнаа во групната фаза, каде што бразилскиот клуб однесе победа со 3:1. Англичаните поведоа со гол на Педро Нето во 13. минута, но второто полувреме целосно им припадна на Бразилците. Најпрво Бруно Енрике израмни во 62. минута, додека Данило погоди за 2:1 само три минути подоцна. Конечниот резултат од 3:1 го постави Валас Јан во 83-тата минута.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
По значајната победа на Фламенго, се случија грандиозни сцени на прослава на познатата плажа во Рио де Жанеиро, а клубот тоа го објави и на социјалната мрежа X. Бразилскиот клуб сподели неколку шеги на сметка на Челзи, како на пример: “Лесна победа на лондонските сини” и “Челзи е само мало квартче во Лондон”.
Тој начин на прослава не остана незабележан во Челзи и администраторот на социјалните мрежи на тој клуб чекаше момент за “одмазда”. Тоа го направи по објавата на Фламенго на X, каде што го означија Челзи и напишаа: “Честитки до Челзи, заслужено шампиони.” Одговорот од Лондон беше: “Челзи? Зарем не е бевме лондонските син?”
Chelsea? I thought it was London Blue? https://t.co/yFovxfW7Yc
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 13, 2025