Дома Фудбал Челси има проблеми: Познато зошто Петровиќ нема да игра на Светско клупско првенство

Челси има проблеми: Познато зошто Петровиќ нема да игра на Светско клупско првенство

Српскиот фудбалски голман Ѓорѓе Петровиќ оваа сезона ја помина на позајмица во Стразбур, а сега се врати во матичниот клуб Челси.

Лондонскиот тим ќе учествува на претстојното Светско клупско првенство, а како што пренесува новинарот на „Дејли телеграф“ Мет Ло, српскиот голман побарал да не биде на списокот на играчи кои ќе играат во Америка.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Челси не е сигурен дали може да му обезбеди место во стартниот состав и поради тоа постои можност повторно да ја промени средината.

Токму поради оваа причина Петровиќ побарал да не оди во Америка, за да може во следните недели да се посвети на преговорите.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриени кланови во Реал Мадрид – Мбапе против Винисијус?

Нов ден, нови сензационални вести од Мадрид – Чаби Алонсо е под сериозен притисок и …