Дома Фудбал Челси ja победи Барселона, а голманот на „сините“ ги „дотепа“ Каталонците: Тие биле фаворити?

Челси ja победи Барселона, а голманот на „сините“ ги „дотепа“ Каталонците: Тие биле фаворити?

Барселона синоќа доживеа тежок пораз во Лондон од Челси (3:0) во натпреварот од петтото коло на Лигата на шампионите, а посебна сол на раната на гостите стави домашниот голман Роберт Санчез со изјавата по натпреварот.

На Стамфорд Бриџ синоќа гледавме извонреден натпревар помеѓу Челзи и Барселона, но малку кој очекуваше дека Каталонците ќе доживеат толку тежок пораз.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гостите имаа лоша среќа уште во седмата минута кога Феран Торес утна чиста шанса, а Челзи направи предност 20 минути подоцна со автогол на Кунде.

Потоа, во самиот финиш од првото полувреме, Роналд Араухо доби црвен картон, што „Сините“ знаеја како да го искористат со играч повеќе.

Во продолжението на натпреварот постигнаа уште два гола, а мрежата на гостите од Барселона ја затресоа Естевао и Делап за конечни 3:0.

Но, убедливата победа на лондонскиот тим не беше доволна, бидејќи некои играчи на Челзи одлучија да стават сол на раната на гостите откако натпреварот заврши.

„Барселона фаворит за освојување на Лигата на шампионите? Не, ние сме фаворити. Кукурела го стави Јамал во џеб. Секогаш вели дека сите играчи се добри сè додека не дојдат во англиската Премиер лига”, истакна Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда на Интер го напушта клубот за 21 милион евра!

Според италијанските медиуми, Џузепе Марота алфа и омега на Интер веќе почнал да ги склопу…