
Англискиот фудбалски великан Челси ја освои титулата на Светското клупско првенство со импресивна победа од 3-0 против актуелниот европски шампион ПСЖ, во финален натпревар кој целосно мина во знакот на лондонскиот тим.
„Сините“ од Лондон го отворија мечот со агресивен пристап и висок притисок врз дефанзивната линија на Парижани, што веќе во 22. минута резултираше со водство. Кол Палмер, еден од најзабележителните играчи на турнирот, го матираше Џанлуиџи Донарума со прецизен и смирен удар од внатрешноста на шеснаесетникот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Само осум минути подоцна, Палмер повторно го пронајде патот до мрежата со речиси идентичен погодок, со што ја удвои предноста на Челси и целосно го разниша моралот на францускиот состав. Во продолжение на првото полувреме, младиот англиски репрезентативец се запиша и како асистент, кога го проигра Жоао Педро, кој без грешка реализираше за високи 3-0.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club