
Иако неодамна седна на клупата на Челси, многу навивачи на овој тим веќе сакаат да го видат заминат тренерот Лиам Росениор.
Денеска челниците на Челси одржаа вонреден состанок на кој беше утврдена судбината на овој тренер.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Имено, сега е јасно дека Челси нема намера да се раздели со Лиам Росениор и покрај многу слабата форма, и продолжуваат да му ја даваат поддршката.
Росениор пристигна во тимот сред сезона по заминувањето на Енцо Мареска во јануари, но не донесе многу новини.
Навивачите на Челси не се задоволни, но челниците очигледно се, бидејќи не размислуваат за промени во однос на тренерот.
Во Челси постои цврсто разбирање дека доаѓањето сред сезона претставува голем предизвик за Росениор.
Челниците на овој тим се свесни дека има проблеми да ги имплементира своите тактички идеи, но и дека води екипа која не ја селектирал сам.
Наместо паника сред низа од четири порази по ред, ставот на Челси е дека сакаат да покажат трпение.
Клубот сака Росениор да има целосни подготовки со екипата за да успее правилно да ја пренесе својата филозофија на тимот.
Убедени се дека работата на подготовките пред следната сезона ќе им овозможи на играчите целосно да ги усвојат неговите системи и пристап во играта.
Челси ја започна својата сезона со цел настап во Лигата на шампионите следната сезона и таа цел останува на сила, односно, четвртото место.