Дома Фудбал Чалханоглу е пред заминување: Еден од овие тројца може да го замени!

Чалханоглу е пред заминување: Еден од овие тројца може да го замени!

Интер и Хакан Чалханоглу се во сериозен конфликт и изгледа дека нема враќање назад.

Италијанските медиуми пишуваа за меѓусебните јавни обвинувања, по што се навестува дека заедничкиот пат е при крај. Поради тоа, Бепе Марота веќе интензивно бара потенцијална замена ако Чалханоглу се пресели во Галатасарај, која му нуди 10 милиони евра годишно. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Цели како замена за Интер се Едерсон од Аталанта, Николо Ровела од Лацио и Мортен Хјулманд од Спортинг. 

Ова трио долго време се смета за многу посакувано на пазарот и изгледа дека токму сега е вистинскиот момент за голем чекор во нивната кариера. Едерсон беше интересен за клубови од англиската Премиер лига, особено Манчестер Јунајтед, исто како и Хјулманд, но до преговори не дојде. 

Ровела, исто така, одамна се поврзува со Интер, па изгледа дека Марота ќе ги забрза преговорите штом ќе се реши статусот на Хакан Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…